Приведен 18-годишник од Штип, возел со 114 км на час на место каде е дозволено 50 км на час
На улица „Железничка“ во Штип вчера во 15.00 часот полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Штип го лишиле од слобода И.П.(18) од Штип.
МВР денеска соопшти дека при контрола на патниот сообраќај било констатирано дека управувал патничко моторно возило „ауди“ со брзина од 114 километри на час на место каде што дозволената брзина е 50 километри на час.
Против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“