НСРР со барање до мандатарот: Повеќе жени во структурите на одлучување и извршната власт
До мандатарот за Влада на Република Северна Македонија Зоран Заев
Почитуван г-дин Заев,
Во духот на еднакво општество за сите, Националниот совет за родова рамноправност како мрежа на повеќе од сто женски локални организации во државата од вас бараме при составување на членови/ки на Владата биде исполнета и една од нашите основцни цели: повеќе жени во структурите на одлучување и извршната власт.
Вие досега докажавте, поставувајќи 50 проценти жени на кандидатските листи на коалицијата Можеме на изборите 2020, дека за вас тоа е водечки принцип и истото го очекуваме и при составувањето на оваа влада.
Нашиот пат е Европската Унија и како пример би ја посочиле Репиблика Франција, каде од 31 министерства, 17 од нив ги водат жени.
Успешните држави во кои владее рамноправноста гарантираат благосостојба на сите граѓани/ки, каква што во иднина сакаме да биде Република Северна Македонија.