Ѓурѓица Ќаева борец за права на пациентите, ја изгуби битката со ретката болест

Почина Ѓурѓица Ќаева, како последица од компликации од пулмоналнатахипертензија, неуморен борец, активистка за права на пациентите со оваа болест, претседател на здружението „Момент плус“, член на Европската Асоцијација за пулмонална хипертензија. Имаше 40 години и осум години се бореше со оваа тешка болест и со институциите, за сите пациенти да добијат лекови, а самата најчесто се лекуваше со донации. Не успеа да го прими лекот од последниот тендер за кој толку многу се бореше.

Пулмоналната хипертензија е многу тешка и ретка болест, еден вид на крвен притисок кој ги афектира само артериите во белите дробови и десната страна од срцето, поради што доаѓа до нивното зачепување.

Станува збор за сериозно заболување кое прогресивно се влошува со тек на време и понекогаш завршува фатално. Иако пулмоналната хипертензија не е излечлива состојба, третманот кој постои ги олеснува симптомите и го подобрува квалитетот на живот. Во нашата држава, пациентите кои ја стекнале болеста како резултат на срцева слабост немаат можност да ги примаат лековите, туку само оние на кои им е вродена. Меѓу нив има и три деца. Поради тоа пациентите се принудени да си го продаваат имотот за си купат лекови. Поради немање на соодветна терапија, во последните две години починаа неколку пациенти.

Во чест на Ѓурѓица Ќаева, неуморен борец за права на пациентите, НОВА ја реобјавува нејзината колумна од април минатата година.

Можете да ја прочитате тука.

Back to top button
Close