Тројца од повредените во Кочани отпуштени од болниците во Пловдив и Варна

Тројца од повредените во пожарот во Кочани кои беа хоспитализирани во болниците во Пловдив и Варна се пуштени на домашно лекување, пренесува БТА.

Еден од пациентите беше хоспитализиран на Универзитетската болница „Свети Ѓорѓи“ во Пловдив, а двајца на Воено-медицинската академија во Варна.

 

-Во болницата во Варна на лекување останува уште еден пациент, а во софиската болница „Пирогов“ се уште четворица повредени.

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март животот го загубија 61 лице, а близу 200 беа поврeдени. Некои од повредените беа пренесени на лекување во други земји.

Во Бугарија беа хоспитализирани 15 повредени – од нив осум во болницата „Пирогов“, а другите во болниците во Пловдив и Варна.

Back to top button
Close