17-годишник обил 18 шкафови на вработени на Онкологија

17-годишник од Скопје е уапсен поради сомненија дека обил 18 шкафови на вработени во Клиниката на Онкологија и им одзел пари и други предмети.

„На 08.04.2025 во 00.00 часот од Клиниката за онкологија при Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар лишиле од слобода 17-годишник од Скопје поради постоење основи на сомнение дека насилно отворил 18 шкафови на персоналот кои претходно биле заклучени, при што одзел пари и други предмети“, стои во соопштението на МВР.

Back to top button
Close