Хаг: Нема докази за вмешаност на Хезболах во убиството на либанскиот премиер Рафик Харири во 2005 година
Специјалниот суд за Либан изрече пресуда во судењето на четворица членови на организацијата Хезболах, кои се обвинети за заговор за убиство на Харири и 21 други лица, пренесуваат британските меидуми.
-Судот е на мислење дека Сирија и Хезболах можеби имале мотив за атентат врз поранешниот либански премиер и неговите политички сојузници, но нема докази за да го поддржат тоа, рече судијата Дејвид Ре читајки делови од пресудата.