Опожарена трска на охридското крајбрежје

Пожар попладнево зафатил поголема површина обрасната со трска и нискостеблести растенија на брегот на Охридското Езеро, на потегот помеѓу Специјалната болница за ортопедија „Св. Еразмо“ и Подмоље.

На местото на пожарот веднаш било интервенирано од Територијалната противпожарна единица Охрид со три возила и десетина пожарникари.

Командирот на ТППЕ Охрид, Борко Јанкуловски, соопшти дека по интервенцијата на пожарникарскиот тим, пламенот е локализиран. Рече дека останува да се доизгаснат уште неколку точки, но оти огнот е под контрола.

Причината за пожарот сè  уште не е утврдена, но најчесто се работи за човечки фактор.

Back to top button
Close