Мерц: Ќе го ограничиме бројот на баратели на азил на 100.000 годишно

Идниот германски канцелар Фридрих Мерц изјави дека новата федерална влада ќе се стреми бројот на баратели на азил да не надмине 100.000 годишно, јави ДПА.

– Нашите градови, училишта, болници и инфраструктура се веќе на работ на издржливост, изјави Мерц за германската телевизија АРД.

Тој го потврди планот за запирање на спојувањето на семејства и најави широка кампања за депортација, како што е наведено во коалицискиот договор меѓу неговата конзервативна коалиција (ЦДУ/ЦСУ) и Социјалдемократската партија на Германија (СПД).

Мерц најави дека ќе воведе механизми за одбивање на мигрантите уште на границите, а соработка со соседните држави веќе е започната.

Во 2024 година, Германија регистрирала речиси 230.000 барања за азил, што е за околу 100.000 помалку од 2023. Мерц смета дека капацитетот на Германија е максимум 100.000 барања годишно.

Back to top button
Close