Саудиска Арабија планира да ги исплати долговите на Сирија кон Светската банка

Саудиска Арабија планира да ги исплати долговите на Сирија кон Светската банка, изјавиле денеска три лица запознаени со ова прашање.

На овој начин би се отворил патот за одобрување грантови во вредност од неколку милиони долари за реконструкција и поддршка на парализираниот јавен сектор на таа земја, јавија светските агенции.

Ваквите, досега непознати планови ќе бидат првиот познат случај на Саудиска Арабија да ја финансира Сирија откако бунтовниците, предводени од исламистите, го соборија поранешниот лидер Башар ал Асад минатата година.

Back to top button
Close