Финансиската полиција ја тресе прилепската болница поради сомнеж за малверзации

Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во предистражна постапка поради сомненија за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување, а поврзано со финансиското работење на болницата.

Обезбедени се наредби за претрес на осум локации, а дејствијата ги презема Управата за финансиска полиција.

По претресите, предистражната постапка ќе продолжи со други дејствија за обезбедување докази.

 

 

Back to top button
Close