ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци

Со тековното ниво на загуби, рускиот претседател Владимир Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци, проценува вашингтонскиот Институт за проучување на војната (ИСВ).

Според најновиот извештај на експерти од овој институт, останува околу една година пред да се исцрпат буџетските средства и способноста за регрутација на „доброволци“.

Руските региони моментално регрутираат 1.000 – 1.500 луѓе дневно. Се нудат бонуси од 1,4 милиони рубли по човек (околу 17.000 американски долари), и ова оди во прилог на надоместок на загубите на фронтот. Според проценките на НАТО руските загуби се движат од 30.000 од 45.000 ранети и убиени месечно. Но ова темпо е неодржливо, смета Џорџ Барос, главен експерт за Русија во ИСВ, бидејќи демографската база се стеснува, а бонусите мора постојано да растат, што ќе доведе до буџетски притисоци.

Само бонусите за регрутација ја чинат државата две милијарди рубли дневно или 730 милијарди годишно — речиси двојно повеќе од буџетите на некои богати руски региони. Кремљ се надева дека администрацијата на Трамп ќе ја намали помошта за Украина, со што би се олесниле руските загуби и би се овозможило продолжување на војната, сметаат од ИСВ.

Во периодот 2022 – 2024 година, Русија за војната потрошила 22,3 трилиони рубли со што е исцрпен Фондот за национално благосостојба — ликвидните средства се намалија за 106 милијарди долари и паднаа на најниско ниво за 17 години. За 2025 година, Кремљ планира уште 13,2 трилиони рубли воени трошоци и повторно мора да повлече пари од овој фонд, бидејќи нафтата од типот Urals во април се продаваше под $50 за барел, со што приходите се значително намалени.

Според економистите ако цената на оваа нафта падне до $45, буџетот би изгубил речиси 3 трилиони рубли и парите од фондот за благосостојба би се потрошиле за една година.

Back to top button
Close