Студенти од Србија стигнаа со велосипеди во Стразбур за да информираат европски претставници за ситуацијата во државата


Студенти велосипедисти од Србија, кои со денови возea на релација од Нови Сад – „Тура до Стразбур: педали за вистината“, вечерва пристигнаа во Стразбур,јавија српските медиуми.
Стразбур е крајната дестинација од нивното патување што почна на 3 април од Нови Сад, со цел да го свртат вниманието на европската јавност на ситуацијата во Србија. На пат кон Стразбур тргнаа 80 студенти, 71 студент и девет девојки и сите стигнале до последната точка.

За студентите беше организиран пречек на Клебер плац во Стразбур, каде беа собрани многу граѓани, млади, а има и телевизиски екипи од Белград.

За студентите беше послан црвен тепих како во сите градови што ги посетија на пат кон Стразбур.
На студентите им посака добредојде претставничка на градоначалничката на Стразбур, Жан Барсегијан.

Се очекува нивна посета утре на европски институции со цел дополнително да ги информираат европските претставници за ситуацијата во Србија, што се соочува со криза по бранот протести по трагедијата на железничката станица во Нови Сад во ноември лани.

Back to top button
Close