СП-Купил ли Таравари скап компјутерски томограф кој неможе да го издржи плочата на операционата сала на кардиохирургија?
Дали Министерството за здравство со пари од граѓаните на тендер купило апарат за компјутерска томографија „Сименс“, тежок 2.250 килограми и наменет за операционата сала 2 на Клиниката за кардиохирургија, чија тежина, потоа се утврдило, дека плочата на зградата не може да ја „издржи“, па затоа сега ангиографската операциона сала е затворена додека да се зајакне плочата?!
Слободен печат“ го постави ова прашање во Министерството од каде што не добил одговор.
Затоа добиле неколку документи од укажувачи кои не можат да се помират со тоа што се случува на државна Кардиохирургија, која е јавно-здравствена установа од посебен стратешки интерес за Македонија, а која е оставена без да има основни услови да бидат изведени голем број интервенции поради тоа што конкретната сала не е во функција. Исто така, постојат обвинувања од страна на семејството на починатиот пациент Тони Ангелковски дека не добил соодветна операција таму зашто баш оваа хируршка сала е затворена.
Слободен печат“ доби документи од кои се гледа дека Министерството за здравство со потпис на министерот за здравство Арбен Таравари, купило апарат за компјутеризирана томографија со шински систем за инсталација и апликација во хибридна сала со целосна интеграција со постоечки ангиографски систем од производителот „Сименс“ од Германија, преку македонска фирма на тендер.
Но, по набавката на апаратот со договор на 6.11.2024 година, следувале два договори за донација на Клиниката што претставуваат основа за сомнеж дека плочата врз која треба да биде поставен овој најсовремен апарат, не била подобна, односно дека Министерството за здравство купило апарат без да провери дали истиот може да биде инсталиран на Кардиохирургија со оглед на тоа што само апаратот, според информациите објавени на сајтот на „Сименс“ тежи 2250 килограми.
Целиот текст на слободенпечат.мк