Урсула фон дер Лајен: Западот каков што го знаевме повеќе не постои
Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен изјави дека „Западот каков што го знаевме повеќе не постои“, мислејќи на промените што се случија како резултат на претседателствувањето на Доналд Трамп со СAД.
Таа во интервју за „Cajt“ ја повтори поддршката за европската регулација на американските дигитални услуги дури и при заканите за откажување на американскиот нуклеарен чадор, нагласувајќи дека во Европа „олигарсите“ не одлучуваат за правилата.
Фон дер Лајен, сепак, го пофали односот меѓу САД и ЕУ, а истовремено ги повика земјите да произведуваат и купуваат повеќе во Европа, особено кога станува збор за клучните одбранбени резерви. Во однос на европската безбедност, Фон дер Лајен исто така предупреди дека „иако Путин може одвреме-навреме да паузира, нема граници за неговите империјални амбиции“.
Откако беа воведени новите американски царини на 2 април, бран несигурност ја зафати трансатлантската трговија, при што ЕУ бара нови начини за продлабочување на врските со другите големи економии, како што е кинеската, објави Политико.