Удрил во бензинска, бил пијан и лажел дека работи во АНБ: кривична за кривопаланчанец, за несреќа која се случила ноќеска
Кривопалачанец ноќеска по полноќ направил сообраќајка, удрил во бензиска пумпа и лажел дека е вработен во Агенцијата за национална безбедност. Ова го констатираше МВР кои направиле и алкотестирање, а дрегерот покажал дека возачот бил пијан. Станува збор за 31-годишен маж со иницијали Б.Р. Несреќата се случила на булевар „Србија“ во Аеродром. Возачот ќе одговара кривично за кривично дело безобѕирно управување со моторно возило.
„Управувајќи патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, удрил во објект на бензинска пумпа на булеварот. Додека, по преземени мерки било констатирано дека возилото го управувал без возачка дозвола, дека е под дејство на алкохол, односно дека му биле измерени 2,14 промили алкохол во крвта и дека лажно се претставил како вработен во АНБ“, велат од МВР
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава