Пожар во ресторан во Скопје, има сомнежи дека е подметнат


Во центарот на Скопје изгоре угостителски објект. Станува збор за ресторан во близина на Клиничкиот Центар во Скопје.

Пожарот е изгаснат, а има сомнежи дека е подметнат.

– Advertisements –

Денеска околу 03 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил опожарен угостителски објект на подрачјето на Центар во Скопје. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

Back to top button
Close