Муртезани: Заминувањето на Таравари е дел од договор со Ахмети, не поради фотелји

Заминувањето на Арбен Таравари од коалицијата Вреди не е мотивирано од несогласувања околу распределбата на функции, туку најверојатно се должи на договор со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, за заеднички настап на претстојните локални избори.

Ова го изјави министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, во вечерашното гостување на „Топ Тема“ и објасни дека во моментот околу 16 општини имаат албански градоначалници, но шансите тој број да се задржи или зголеми се неизвесни.

Како што рече, не е исклучено победата на некои локации да ја однесе кандидат на ДУИ или независен претставник.

Back to top button
Close