Видео: Мургашанска- советниците од Знам и ВМРО ДПМНЕ изгласаа измена на ДУП-от за да градоначалникот Максим и негови блиски незаконски заработат половина милион евра
Еве, зошто на минатата седница на Советот на Општина Куманово ми беше исклучен микрофонот во моментот кога го објавив најновиот коруптивен скандал на градоначалникот Максим Димитриевски. На вчерашната седница неговото мнозинство од ЗНАМ, ВМРО ДПМНЕ и други коалициони партнери, ја изгласа Нацрт измената на Деталниот урбанистички план со кој инвеститорот, неговиот кумашин, родителите и лично Максим Димитриевски се стекнуваат со противправна имотна корист од најмалку пола милион евра!!!
Скандал од невидени размери!!!
Мито, корупција и безобзирно кривично дело пред очите на јавноста од првиот човек на градот!
Не помогнаа нашите апели до неговите послушници да не бидат соучесници во овој бескруполозен криминал со гласање на ваква измена на ДУП, која за цел има само полнење на џебовите на најблиските роднини и пријатели на Максим Димитриевски.
Апелираме до Јавното обвинителство, МВР, ДКСК, Јавниот правобранител, Обвинителството за организиран криминал и другите надлежни институции да реагираат правовремено и да го сопрат ова продолжено кривично дело, кое своето финале треба да го има во изгласување на нов ДУП, за да токму на земјиштето на неговиот кумашин и брат на координаторот на советничката група на ЗНАМ, никне еден од маркетите на ЛИДЛ!!!
Проследете дел од мојата дискусија, апели и укажувања на вчерашната седница на Советот на Општина Куманово:
Видеото на следниот линк:
https://www.facebook.com/share/v/193ZuNw7fB/