(Видео)Јотова за внесувањето на Бугарите во Устав: Тоа е нормално, не каприц!

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, и еврокомесарката за проширување, Марта Кос, ќе одржат разговори посветени на европската интеграција на земјите од Западен Балкан. Двете функционерки ќе земат учество на отворањето на форумот „Европската Унија се среќава со Балканот“.

„Ова ќе биде моја прва средба со комесарката Кос. Сакаме да слушнеме од неа каква е визијата за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Моја опсервација е дека оваа тема е целосно напуштена во последните месеци“, рече бугарската потпретседателка пред почетокот на форумот.

Потпретседателката Јотова рече и дека ќе го каже ставот на Бугарија во однос на Република Северна Македонија.

„Според мене, оваа дебата се искривува и кај нас во Бугарија и на европската сцена. Има обид на нашите колеги од Северна Македонија да ги претстават нормалните барања на Бугарија почитувањето на европските критериуми, како речиси каприц од наша страна, а дополнително се обидуваат да ги стават во билатерална блокада, што не е точно“, коментира потпретседателката Јотова.

 

 

Back to top button
Close