Намален бројот на ученици и во основното и во седното образование
На крајот на учебната 2023/2024 година во редовните основни училишта 179 661 ученици го завршиле одделението, додека во редовните средни училишта 65 737 ученици ја завршиле годината, соопшти Државниот завод за статистика.
На крајот на учебната 2023/2024 година, бројот на учениците во редовните основни училишта изнесува 181 311, што претставува намалување за 0.5 % во однос на претходната учебна година.
Во истата учебна година основно образование завршиле 19 179 ученици.
Во редовните средни училишта, бројот на учениците на крајот на учебната 2023/2024 година изнесува 65 995, што претставува намалување за 1.0 % во однос на претходната учебна година.
Средното образование во оваа учебна година го завршиле 18 146 ученици