Менди Ќура кандидат за независен градоначалник на Општина Струга?

 

Познатиот бизнисмен од Струга и претседател на Стопанската комора на Северо-Западна Македонија, Менди Ќура, наскоро ќе ја објави својата независна кандидатура за градоначалник на Општина Струга на локалните избори што се очекува да се одржат наесен, дознава Zyrtare.net

Ќура, познат по своето ангажирање во бизнисот и по влијанието што го има во земјата, успеа да обезбеди широка политичка поддршка, иако се кандидира како независен.

Извори велат дека Ќура ужива поддршка од ВЛЕН, како и од значителен дел од членовите на Демократската унија за интеграција (ДУИ) и од двата фракции на Алтернативата за Албанците, а се дознава дека за неговата кандидатура има поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ.

Кандидатурата на Ќира се гледа како развој кој може да ги промени политичките рамнотежи во Струга, особено во однос на големите партиски структури што традиционално доминираат во оваа општина. Широката поддршка што ја има веќе започнала да создава нови динамики на терен и да буди интерес кај локалниот електорит.

Ќура е познат и како еден од основачите и главните поддржувачи на Алтернативата за Албанците, првично како ЛР-ДПА. Тој бил тесно поврзан со поранешниот лидер на ДПА, Арбен Џафери.

Менди Ќура раководи со една од најуспешните компании во областа на градежништвото, „Трим и Лум“, а е и сопственик на фудбалскиот клуб „Струга Трим Лум“, со кој напиша историја, освојувајќи го првото место во Првата лига двапати по ред

Локалните избори се очекува да се одржат наесен оваа година, а трката за Струга изгледа ќе биде една од најинтересните во земјата.

 

Back to top button
Close