(Видео) Гужви за кон Грција, Велигден ќе се слави и на море
Гужви и долги колони има на граничниот премин „Богородица“ за излез од земјава, а започнаа уште од утрово. Бидејќи понеделник е неработен ден, голем дел од граѓаните решија најголемиот христијански празник Велигден да го прослават кај јужниот сосед.
„На граничните премини Дојран и Богородица време на чекање за излез е 10 – 15 минути, а на граничниот премин Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е 20 – 30 минути“, известува АМСМ.
Но, во пракса, чекањето на ГП Богородица е и до 40 минути.