Левица: Наставниците со пониска плата од просечната

 

Во држава во која децата тонат во сиромаштија, училиштата се борат со недостиг од кадар, а наставниците работат за половина од платата што ја заслужуваат – Владата реши да ги награди само директорите.

Од овој месец, платата на директорите е зголемена за до 45% повеќе од основната плата на наставник, наспроти скромните 7% покачување за просветните работници.

Во услови кога наставниците и стручните соработници, кои работат со недоволни ресурси и ниски примања, селективното наградување на раководниот кадар испраќа недвосмислена порака на непочитување и дискриминација.

Дали Јаневска смета дека сè поголемото незадоволство на просветните работници може да биде загушено низ притисоците кои ќе треба да ги испорачаат партиски назначените директори?!
Бараме итно урамнотежување на платите за сите вработени во образованието и транспарентност во образложението на приоритетите во образовните политики!

Левица

Back to top button
Close