Пронајдени трите девојчињата кои беа пријавени за исчезнати во Скопје
Пронајдени се трите малолетни девојчиња кои беа пријавени за исчезнати вчера во Скопје.
75-годишно лице од скопска Ќерамидница вчера во 15:15 часот, пријавил исчезнување на неговите три малолетни внуки.
Девојчињата биле пронајдени во близина на местото каде што биле пријавени за исчезнати.
МВР во денешниот билтен извести дека жител на Ќерамидница во ПС Гази Баба го пријавил исчезнувањето.
„На 17.04.2025 во 15.15 часот во Полициската станица Гази Баба, Р.А.(75) Скопје пријавил дека од семејниот дом од населба Ќерамидница се оддалечиче неговите три внуки – К.М.(15), В.М. и И.М.“, стои во билтенот на МВР.