(Видео)Протестен марш на семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
Денеска, 19 април 2025 година, во Кочани, се одржа третиот протестен марш насловен како „Задоцнета реакција“, а oрганизатори беа семејствата на настраданите во пожарот во „Пулс“.
Маршот започна од Паркот на револуцијата, потоа се движеа кон Трговскиот центар, Општина Кочани, полицијата и Основниот суд и обвинителство во Кочани.
На денешниот собир беше порачано: „Нашите деца беа убиени од алчноста – правдата мора да излезе на виделина“!