Не сме родени во Влада, ако сметаат ќе бидеме, ако не ќе одиме во опозиција, вели Таравари

 

Актуелниот министер за здравство Арбен Таравари по превирањата во Влен вели дека нема да се кандидира за градоначалник на Гостивар, со премиерот Христијан Мицкоски разговарал, но не прецизно. Тој не исклучува соработка со ДУИ во вториот круг на претстојните локални збори.

Пред една година зборувавме за спојување, но сите инсистира дека треба да останеме четири партии. Реков ако останевме четири треба да излеземе со сопствени советнички листи. Ништо повеќе туку АА да излезе со своја советничка листа, да видиме колку тежиме, колку не вреднуваат граѓаните. Уште пред една година им кажав дека добро би било да се споиме, но немаат интерес. За градоначалници им оставив простор заедно да излеземе, но категорично бевме одбиени од сите во Влен. Така да преостанува сите да излеземе со сопствени кандидати. АА ќе оди посебно, а Влен ќе одат со заеднички кандидати. Така кажаа, дека сум се самоисклучил. Е сега што ќе биде понатаму не знам. Дали Владата ќе не отпише? Не знам. Ние не сме родени во Влада. Ако сметат да бидеме во Влада ќе продолжиме, ако не ќе одиме во опозиција. Генерално ние сме заинтересирани да продолжиме во Влада. Зависи од премиерот – рече Таравари во емисијата „Стадион“ на Канал77.

На прашањето дали сето ова е маркетиншки потег, кој на парламентарните се покажа како успешен. Односно дали ќе се натпреварува за Гостивар?

-Не, сигурно не за градоначалник на Гостивар. Но, имаме актуелен кој по анкетите стои многу подобро отколку што бев јас. Немам амбиции пак да се кандидирам за градоначалник. Многу ни значи да излеземе со добар резултат. Велам ВМРО ДПМНЕ победи уште во 2021 година, на локалните избори. Нам многу ни значи колку општини ќе добиеме. Како АА посакуваме да добиеме што повеќе. Па кога ќе се одржат парламентарни би се позиционирале како позначајна партија во албанскиот блок – рече тој.

Таравари негира дека се сретнал со Ахмети, но потврдува дека комуницирал.

-Со Ахмети не сум се сретнал, сум се слушнал по телефон. Начелно мислам дека треба да одиме сами, но не ја исклучувам можноста во втор круг некаде со ДУИ да се поддржуваме. Генерално АА ја бие битка со ДУИ пред 10 години, за да видиме која ќе биде прва партија меѓу Албанците. Ако некој биел битка со нив тоа е АА, другите се нивни деривати, излезени се од ДУИ. Со ВЛЕН гледам дека од нивна страна се одлучни да одат сами и на парламентарни, ако има вонредни. Иако не е разговарано јас мислам да се оди посебно. АА е партија, печатите и членството се кај нас, но партија не се печатите, туку членство. Ако немаш поддршка џабе е – рече Таравари.

Од Влен рече дека не се откажува, но не гледа простор за понатамошна соработка. Со лидерот на другото крило на Алијанса за Албанците, Зијадин Села не се видел од февруари 2024 година и не планира да се види.

Back to top button
Close