Герасимов: Руските сили вратија 99,5 отсто од територијата на Курск што беше заземена од Украинците
– Началникот на Генералштабот на Армијата на Русија, Валери Герасимов, на денешната средба го информирал претседателот Владимир Путин дека руските сили повратиле повеќе од 99 отсто од територијата на Курск што украинската војска ја зазеде за време на упадот во август минатата година, пренесуваат руските медиуми.
– Во областа на Курск, каде што украинските вооружени сили извршија упад, најголемиот дел од територијата сега е ослободен. Станува збор за 1.260 квадратни километри или 99,5 отсто од територијата, посочил Герасимов.
Претходно денеска беше објавено дека руските војници повторно го вратиле под своја контрола селото Олешња во областа Курск.