Трамп им посака среќен Велигден на сите, вклучувајќи ги и „радикалните левичарски лудаци“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска им го честиташе Велигден на сите, вклучувајќи ги, како што наведе, „радикалните левичарски лудаци“.

Трамп на својата социјална мрежа Truth Social порача дека им посакува Велигден на радикалните левичарски лудаци кои, како што рече, се борат и планираат да ги вратат во САД депортираните „убијци, нарко босови, опасни затвореници, луди и добро познати членови на бандата МС-13 и насилници на жени“.

Американскиот претседател, исто така, им посака среќен Велигден на „неефикасните судии и службениците за спроведување на законот кои дозволуваат овој злобен напад врз нашата земја да продолжи, напад толку насилен што никогаш нема да биде заборавен“

Back to top button
Close