Жител од Македонски Брод возел под дејство на алкохол удрил во паркирано возило

Дваесет и петгодишен жител на Македонски Брод возел под дејство на алкохол и удрил во паркирано патничко возило при што причинил материјална штета.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека тој е приведен ноќеска во 02:04 часот поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување на моторно возило“.

Претходно, во 01:30 часот на улицата „Крушевска Република“ во Македонски Брод, со патничко возило „пежо“ со скопски таблички удрил во паркирано патничко возило „опел“ со скопски таблички, сопственост на М.Т.(28) од Скопје, при што причинил материјална штета, а повредени лица нема.

– По преземени мерки и извршено алкотестирање било констатирано дека возилото го управувал под дејство на алкохол, односно му биле измерени 2.04 промили алкохол во крвта, соопшти МВР.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Back to top button
Close