Конклава: Од извикот „сите надвор“ до бел чад за новиот папа

Конклавата за избор на нов папа, илјадагодишниот ватикански мистериозен обред, започнува со влегувањето на кардиналите изборници во Систинската капела, по што главниот (мештар) на сите папини литургиски прослави со повикот „extra omnes# (сите надвор) ги исфрла сите излишни и ја затворa масивната врата зад себе. Со тоа  и официјално започнува изборот на новиот поглавар на Католичката црква.

Конклавата,која потекнува од латиснкиот израз „cum clave“, што значи „под клуч “, е обред што со векови го следеше „раѓањето“ на новите папи, од гласањето под фреските на Микеланџело  во Систинската капела до иконичнот бел чад што му претходи на традиционалниот проглас „habemus papam“ (имаме папа) од балконот на базиликата свети Петар.

Пред официјалниот почеток на конклавата, кардиналите пристигнуваат во Рим и одат до преноќиштето во Домот на света Марта, истата зграда во која папата Франциск одлучи да живее, наместо во луксузен папски стан.

Кардиналите изборници, помлади  од  80 години, се собораат на денот на конклавата во базиликата свети Петар на утринската маса што ја служи деканот на кардиналското собрание, во овој случај времешниот Џовани Батиста Ре (91).

Попладнето, облечена во нивната кардинална облека, костум кој се состои од виолетова облека, бели ракети со тесни ракави и мочери, кратка пелерина закопчана однапред, кардиналите се собираат во капелата на свети Павле во апостолската палата и го повикуваат на помош Светиот Дух.

После тоа, тие одат во поворка кон Систинската капела, веќе подготвена за кардиналите со поставени дрвени клупи и печка во која ќе бидат запалени белешките и гласачките ливчиња.

Постапката на избор на папата беше изменета со апостолскиот устав Universi Dominici Gregis на папата Јован Павле Втори во 1996 година. Максималниот број на кардинали изборници е 120, но во моментов има 135 со право на глас и не е исклучено, бидејќи веќе се случило во минатото, да се овозможи исклучок од правилото.

На сите им е забрането да користат какви било уреди и контакт со надворешниот свет. Дури откако сите кардинали ќе положат заклетва со тоа што ќе ја положат раката на евангелието, кое завршува со извикот „Extra omnes“ (сите надвор), официјално започнува конклавата, вратата на Систинската капела се заклучува и гласањето започнува.

Ако конклавата започнува попладне, ќе има само едно гласање до крајот на денот. Во наредните денови ќе има четири кругови на гласање секој ден – два попладне и два попладне.

Кога на гласачкото ливче ќе го напишат името под фразата „Eligo in Summum Pontificem“ (го избирам за папа), секој кардинал поединечно оди на олтарот со двапати свиткано и јасно видливо гласачко ливче. Во теорија е забрането глас да се даде на самиот себе.

Секој кардинал на олтарот со урна ја изрекува следната заклетва на латински јазик: „Го повикувам за сведок Христос Господ, кој ќе ми суди, дека го дадам мојот глас на оној за кој според Божја проценка треба да биде избран “.

Тогаш кардиналот го става своето ливче во урната и се враќа на своето место.

Со жрепка се избираат тројца кардинали кои ќе бројат гласачки ливчиња, тројца кардинали „инфирмари“ кои ќе ги собираат гласовите на болните кардинали и место нив ќе ги уфрлат нивните ливчиња во урната и тројца кардинали ревизори кои ги проверуваат броителите.

Кога гласањето ќе заврши, првите двајца кардинали бројачи ги отвораат и тивко го читаат името напишано на гласачкото ливче, додека третиот бројач гласно го изговара напишаното име.

Листовите потоа се бушат и се врзуваат заедно, а потоа се палат во печката.

Папата се бира со двотретинско мнозинство од присутните кардинали. Ако папата не се избере за три дена, гласањето се прекинува за ден на молитва и промислување. Потоа се одржуваат нови кругови на гласање се до конечниот избор.

Црниот чад од оџакот на Систинската капела ја информира јавноста дека папата не е избран.

Кога папата е избран, деканот на кардиналското собрание за првпат му се обраќа на избраниот кандидат и го прашува дали ја прифаќа оваа позиција и, ако да, какво име избира. Дури тогаш се палат гласачките ливчиња и ќе пушта бел чад од Систинската капела за на светот да му се открие дека е избран нов папа.

На крајот следи облекувањето на новиот папа во бела облека во таканаречената „соба на солзите“ во сакристијата на Систинската капела. Потоа кардиналниот протоѓакон, францускиот кардинал Доминик Мамберти, ќе го објави изборот од централната ложа на базиликата свети Петар. Тука, потоа ќе се појави и новиот папа и ќе го каже својот благослов „ Urbi et Orbi“ (на градот и светот).

Back to top button
Close