Погребот на папата Франциск е закажан за 26 април
Погребот на папата Франциск ќе се одржи во сабота, на 26 април, со почеток од 10:00 часот во базиликата Свети Петар, соопштија од Ватикна, пренесува Ројтерс.
Кардиналот Џовани Батиста Ре, декан на Колеџот на кардинали, ќе ја предводи мисата која ќе ја сослужат патријарси, кардинали, архиепископи, бискупи и свештеници од целиот свет. Телото на покојниот папа Франциск потоа ќе биде однесено во базиликата Свети Петар, а потоа во базиликата Санта Марија Маџоре каде ќе биде погребан.
Кардиналот Кевин Фарел, камерленго на Светата римска црква, ќе претседава со обредот на преведување в среда, 23 април, кој ќе почне во 9:00 часот со момент на молитва. Поворката ќе помине низ плоштадот Санта Марта и плоштадот на римските првомаченици, соопшти Канцеларијата за печат на Ватикан.
Поворката потоа ќе излезе преку сводот на камбаните на плоштадот Свети Петар и ќе влезе во ватиканската базилика преку централната врата. На олтарот на исповедта, кардиналот камерленго ќе претседава со Литургијата на Словото, по што ќе почнат посетите за оддавање почит на починатиот понтиф.