Трамп: Индија има целосна поддршка од САД по нападот во Кашмир


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека САД целосно ја поддржуваат Индија по вооружениот напад врз туристи во индискиот сојузен регион Џаму и Кашмир, во кој загинаа најмалку 20 лица.

„Од Кашмир пристигнуваат многу вознемирувачки вести. САД цврсто ја поддржуваат Индија во борбата против тероризмот. Се молиме за душите на загинатите и за закрепнување на повредените. Премиерот (Наредра) Моди и прекрасниот народ на Индија ја имаат нашата целосна поддршка и сочувство“, напиша Трамп на социјалната мрежа Трут соушл.

Според индиските власти, нападот го извршиле екстремисти кои отвориле автоматски оган врз туристи во Баисаран, на околу пет километри од туристичката дестинација Пахалгам. Повредени се повеќе туристи, главно Индисци, кои биле префрлени во болница. Напаѓачите се во бегство, а регионот е блокиран од безбедносните сили.

Во Индија во моментов престојува и американскиот потпретседател Џеј Ди Ванс, кој денес се сретна со премиерот Моди.

Сочувство до Моди упати и рускиот претседател Владимир Путин, јави ТАСС. Во соопштение од Кремљ се вели дека денешниот „терористички напад кај Пахалгам е свирепо злосторство кое не може да се оправда“ и дека организаторите и извршителите мора да бидат казнети.

Back to top button
Close