Средба на премиерот Мицкоски со Таравари по првомајските празници

Дали Арбен Таравари ќе остане во власта или ќе оди во опозиција ќе се знае после 1 мај. Од Владата за Канал 5 потврдија дека премиерот Мицкоски планира средба со Таравари на оваа тема, но таа ќе се одржи за околу 2 недели.

Инаку, по Меџити вчера, и Касами денеска од Тетово му порача на Таравари дека секој што соработува со ДУИ и Ахмети не може да биде дел од Владата. Заминувањето Таравари од коалицијата според Касами нема да влијае на бројот на гласачи кои ја поддржуваат Вреди, а тие целото внимание сега го насочувата кон трансформирањето на платформата во една партија.

Во текот на неделава партиите од „Вреди“ ќе именуваат 23 свои претставници за претседателството кое ќе се формира за новата партија со истото коалициско име, а потоа согласно статутот што ќе го усвојат ќе се избира претседател и партиски тела.“изјави Касами.

Таравари, викеднов во изјава за „Стадион“ кажа дека повеќе не гледа простор за понатамошна соработка со Вреди. Ќе одат со свои советнички листи, но не ја исклучува можноста за соработка со ДУИ во вториот круг од изборотие за градоначлници. Тој вели и дека доправа ќе се одлучува дали ќе остане во Владата, а конечната одлука ќе се носи на средбата која ќе ја има со премиерот Мицкоски.

 

 

Back to top button
Close