“Пипл“ ja прогласи Деми Мур за најубава личност на светот
Овогодишната титула за најубава личност на светот според списанието „Пипл“ ѝ припадна на познатата актерка Деми Мур (62).
Од 1990 година, списанието „Пипл“ (People) ги избира најубавите луѓе во светот со цел да ги доближи своите читатели до познати личности кои ги кршат стереотипите за убавината и инспирираат со пример. Преку овој престижен избор, низ годините беа претставени бројни холивудски ѕвезди, вклучувајќи ја првата ѕвезда на насловната страница Мишел Фајфер, а подоцна и Џулија Робертс, Бијонсе, Кејт Хадсон и многу други.
По големиот успех во хорор филмот „The Substance“, во кој таа ја толкува улогата на жена опседната со вечна младост, Деми за списанието „People“ зборуваше за својот поглед на убавината.
„Убавината е автентичност и позитивност. Тоа е чувство на удобност во сопствената кожа“, рече Мур.
Исто така, Деми истакна дека, по години поминати под притисок да изгледа совршено, конечно пронашла поздрав и порелаксиран став кон сопственото тело и живот. Таа рече дека вистинската убавина не е во годините или изгледот, туку во тоа да бидеш свој и да се грижиш за себе со љубов