ВИДЕО: Земјотрес со јачина од 6,2 степени ја стресе Турција

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди западна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки институт.
Епицентарот на земјотресот бил во Мраморното Море, на длабочина од шест километри, на 26 километри јужно од општината Силиври во провинцијата Истанбул.

Земјотресот се случил во 12:49 часот по локално време.

Според очевидци, земјотресот бил силно почувствуван во Истанбул

Back to top button
Close