Инспектори, обвинители, административци немаат сѐ уште земено плата, а се исплаќаат и пониски од договорите па можат и да тужат
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Тендафилов, рече дека во повеќе јавни институции немаат земено плата. Ги повика сите да излезат на маршот на 1-мај. Им рече да не попуштаат на притисоците за зачленување во други синдикати.
„Моите податоци се дека и во Министерството за економија, како и во Пазарната инспекција немаат добиено плата. Вработените во Јавното обвинителство немаат добиено плата. Вработените во Водостопанство се уште ја немаат добиено платата. И други низа институции кои во јавниот сектор има што немаат добиено плата. Добив информација дека и вработените во Државниот инспекторат за труд немаат добиено плата, а треба тие да спречат неисплаќањето на плати во приватниот и јавен сектор. Тоа е голем број на работници кои ја немаат добиено платата и по празниците, беа оставени и за време на најголемите христијански празници без средства“, рече Трендафилов.
Тој посочи дека овие вработени не само што немаат добиено плата, туку и да се приклучат на други синдикати и да не излезат на собирот на 1-мај.
„За жал на голем дел од вработените во јавниот сектор немаат добиено поголема плата за 12 проценти, туку зголемување за околу 1800 денари“, рече Трендафилов и порача да тужат.
Според него, се прави крах на државниот систем оти се чекаат тужби од вработени и адвокатски канцеларии, на кои ќе треба да им се исплатат адвокатски трошоци.
„Адвокатите ќе земат 10 пати повеќе од тоа што е платата на работниците. Ваква состојба имавме во МВР во 2010 година, кога менаџментот трчаше низ полициските станици за да не тужат. Најчесто тужат тие што први се пензионираат и оставаат таква пракса. Тоа што слушаме сега, е дека се прави притисок врз судството за да се отфрлаат тужбите за неисплаќање на плати согласно колективните договори“, додаде Трендафилов.
Порака дека платите треба да одат кај работниците, а не да се богатат други како адвокатските канцеларии