Околу 25.000 луѓе во турски град се „напушиле“ откако полицијата запалила запленети над 20 тони конфискуван канабис

Околу 25.000 луѓе кои живеат во турскиот град Лиџе во провинцијата Дијарбекир ненамерно се „напушиле“ како резултат на планирано палење на над 20 тони конфискуван канабис, објави Türkiye Today.

На 18 април турските власти спровеле операција за согорување на над 20 тони запленет канабис во близина на градот Лиџе, што резултирало со густ облак од чад што се издигнал над градот, предизвикувајќи вртоглавици, халуцинации и симптоми на интоксикација кај жителите.

„Не можеме да ги отвориме прозорците на нашите домови поради страшната миризба. Нашите деца се разболеа и одиме во болница“, изјави за Türkiye Today жител на Лиџе.

Уништениот канабис е запленет во над 200 операции спроведени од турската полиција во 2024 година, со вкупна вредност од над 10 милијарди турски лири (261 милион долари).

Back to top button
Close