Таравари: Рехабилитацијата кај околу 40 пациенти ќе трае од шест месеци до две години
Министерот за здравство денеска од Куманово информираше дека во странство се лекуваат 44 повредени од пожарот од Кочани.
Министерот посочи дека една пациентка ќе се врати утре, пациентите се во стабилна состојба, а останатите од 193 се лекуваат во домашни услови.
– Сега се потешките случаи 43. Се надевам дека ќе им обезбедиме најдобра можна рехабилитација којашто ќе биде некои месец-два. Кај околу 40 пациенти тоа ќе трае шест месеци до две години. Тоа е направена анализа од експерти од Велика Британија кои имаат огромно искуство со вакви повреди кај пациентите, изјави министерот Таравари.
Таравари соопшти дека се размислува потешките случаи да продолжат да се лекуваат надвор од државата, се со цел за да го продолжат животот поквалитетно по нивното враќање во земјава