Двајца граѓани, фрлајќи секојдневно габаритен отпад, тормозат цела населба во Гази Баба
Двајца граѓани од населбата Ченто ги тормозат жителите од околните згради во близина на училиштето „Дане Крапчев“ фрлајќи габаритен отпад секоја вечер, пренесе Фокус.
Општинската комунална служба ЈКП Гази Баба го собира отпадот од дрвени кревети, гуми, даски, пластика, но не може да постигне затоа што секој пат е се пополно.
Проблемот, според жителите не е нов, пријавено е кај службите во општината, но очигледно граѓаните, кои собираат секаков отпад, го вадат она што им е потребно и потоа го одложуваат до подземните контејнери правејќи мини-депонија, не се плашат ниту од инспекторите ниту од полицијата.
…