Државата продава конфискувани возила, а за имотот на Груевски и Мијалков се чека амин од Владата
По пауза од една година, од неодамна, државата повторно почна да продава конфискуван имот, одземен од правосилни осуденици. Агенцијата за управување со одземен имот деновиве објави три огласи, но таму ги нема плацевите или становите кои беа одземени од поранешните функционери. Два од огласите се однесуваа на продажба на возила, а денеска објавениот е за продажба на 784 хаварисани возила, кои ќе се продаваат како старо железо.
Во Агенцијата прашавме кога ќе се огласи одземениот имот од екс премиерот Никола Груевски, како и оној на поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков, од кој досега се продаде само мал дел. Оттаму ни одговорија дека се чека зелено светло од Владата.
Да, надминати се пречките и изработен е нов систем за електронска продажба. Имавме успешна продажба на моторни возила, во наредниот период имаме план за објава и на конфискуваниот имот од Никола Груевски и Сашо Мијалков, односно штом добиеме согласност од Владата за продажба на истиот, одговорија за „Фокус“ од Агенцијата за управување со одземен имот.
…