(ВИДЕО) Јакимовски: Ме осудија со фалсификувани докази! Ќе одговараат за фалсификат!

Градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, денеска на прес-конференција објасни дека бараките на Општина Карпош се легално монтирани и се работи за монтажни објекти, односно времени објекти, а дека пресудата е донесена врз основа на докази кои се фалсификат.

Сакам да дадам дообјаснување за барака 1 и 2 овде во Лазо Трповски и другата барака во која е сместена Општина Карпош.

 

Во правилникот кој го потпишал господинот Миле Јанакиески во 2010 година стои вака:

 

– сите времени објекти во програмата треба да се предвидат да бидат поставени со примена на градежни материјали кои овозможуваат монтажа и демонтажа без употреба на лиени и бетонски и армирано-бетонски материјали и конструкции, кои не ја загрозуваат животната средина и при реализација на урбанистичкиот план да можат лесно да се демонтираат.

 

Што пишува во проектот за овие бараки? Изведба на бараки, во проектната документација што сме ја доставиле пишува дека за потребите на инвеститорот треба да се направи техничка документација за изведба на две бараки кои ќе се монтираат во кругот на ОУ Лазо Трповски.

Бараките ќе се монтираат на претходно изведени бетонски плочи, изведбата ќе биде со поставување на челична конструкција, фасадните ѕидови треба да бидат од гипс картонски плочи со изолација од минерална волна и термоизолациона фасада.

Да прашам, по член 17 од овој правилник што пишува?

Времените објекти треба да се само приземни со максимална висина од три и пол метри.

Дали оваа времена градба е приземна? Висината е три метри, правилникот доволува три и пол метри.

Сите знаеме дека градиме времени објекти, само за судијата и обвинителот ние сме изградиле дивоградба. Цело време се трудат, бидејќи објектот е времен и не можат да гонат кривично, сакаат да прикажат дека се работи за диво изграден објект. Направиле и фалсификат „мое барање“ за легализација, со факсимил од мене оставен тука во општината и антидатиран.

Што не знаат? Дека сите барања покрај во хартиена форма ги има и во електронска, овој го нема. Видов ракопис кој не е мој, ракописот беше ист со документ потпишан од инспектор на Финансовата полиција. Значи фалсификатот е направен во Финансовата полиција, вели Јакимовски.

Секаде во свет се одговара ако се направи штета, што направив јас штета, кој виде зијан од бараките? – вели Јакимовски.

 

Back to top button
Close