Тренчевска бара оставка од Таравари: Владата и министерот го донесоа здравствениот систем до степен на „тешко болен пациент“, на кој му нема спас

 

„Заштитата на здравјето на граѓаните во секоја одговорна држава е највисок приоритет. Обезбедувањето здравствен систем во функција на граѓаните не е само прашање на хуманост, туку и одговорност на секоја Влада – здрава нација значи продуктивна нација и тоа е основа за напредокот на секоја држава. Но, овие вредности се далеку од приоритетите на македонската влада. Наместо функционален и стабилен здравствен систем, столб на сигурност- нашиот здравствен систем е пример за хаос, неизвесност и страдање на пациентите. За 10 месеци оваа Влада и министерот за здравство Таравари, го доведоа до степен на „тешко болен пациент, на кој му нема спас“, посочи Тренчевска и додаде:

„Наместо систем кој треба да се грижи за здравјето на граѓаните и да лекува, имаме систем кој го става во ризик животот на луѓето, систем кој убива“.

Back to top button
Close