Тинејџер со бекатонски плочки нападнал две лица во Кисела Вода, обвинителството отвори истрага

Деветнаесет годишник со бекатонски плочки нападнал двајца граѓани пред тобако во Кисела Вода. Сведок на насилството било 10-годишно дете.

Тинејџер со бекатонски плочки нападнал две лица во Кисела Вода, обвинителството отвори истрага

Обвинителството отвори истрага против 19-годишникот за насилство.

„На 21 април, во 2 часот по полноќ, пред тобако-маркет во Кисела Вода, осомничениот заедно со уште неколку непознати лица извршил грубо насилство врз двајца оштетени, а кај 10-годишно дете сведок на настанот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Додека оштетените седеле пред маркетот, осомничениот со неколку непознати лица ги нападнале и започнале да ги удираат со тврди предмети – бехатонски плочки, нанесувајќи му тешки телесни повреди на едното и телесни повреди на другото нападнато лице“ соопшти обвинителството.

Со цел непречено водење на постапката, јавниот обвинител предложи на осомничениот да му бидат определени мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, обврска да се јавува повремено на определено службено лице во судот, привремено одземање на патна исправа или друга исправа за преминување на државната граница и забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со оштетените.

Back to top button
Close