Нападнат бил 76-годишен човек во Карпош
Педесет и три годишен напаѓач вчера физички нападнал 76-годишен човек во скопската општина Карпош, соопшти МВР.
„На 24.04.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, Ѓ.Т.(53) физички го нападнал К.С.(76), двајцата од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од полицијата