Во Турција уапсени околу 50 луѓе во рамките на истрагата против Имамоглу
Околу 50 блиски соработници и приврзаници на поранешниот уапсен градоначалник на Истанбул се приведени во рамките на истрагата за корупција поведена против Екрем Имамоглу, соопшти денеска Околу 50 блиски соработници и приврзаници на поранешниот уапсен градоначалник на Истанбул се приведени во рамките на истрагата за корупција поведена против Екрем Имамоглу, соопшти денеска Обвинителството на Истанбул.
Во рамките на истрагата издадени се налози за апсења на 53 лица во Истанбул и во Анката, а уапсени се 47 луѓе, се наведува во соопштението на Обвинителството.
Имамоглу беше приведен на 19 март под обвинение за корупција и поддршка на терористичка организација. На 23 март, судот нареди негово трајно апсење, а истиот ден, на внатрешните избори, опозициската Републиканска народна партија го предложи за претседателски кандидат на следните избори, што треба да се одржат во 2028 година.
Апсењето на Имамоглу предизвика масовни протести во поголемите градови во Турција, кои доведоа до судири со полицијата и стотици приведени, вклучително и новинари