Филипче од Кочани: Секоја политичка партија има некаква одговорност, веќе нема оправдување

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче учествуваше на денешната аукција организирана од SupportKocani. Тој купи неколку уметнички дела, а спомна дека парите ќе бидат донирани за повредените. По аукцијата, рече дека време е да се седне со сите политички чинители за да се зајакне системот.

Тој во изјава за „Скопје1“, рече дека со претседателката Сиљановска-Давкова ќe се сретнат по првомајските празници, а се согласи дека секоја политичка партија од изминатите 30 години има некаква одговорност.

„Веќе нема оправдување, нема потреба за одлагање, нема изговор дека нема буџети, ова треба да биде приоритет, ова е најголемиот тест на државата и одговорните чинители, како се менаџира ваква криза по ваква голема трагедија“, рече Филипче

Back to top button
Close