Алкалоид по пенали до ФИНАЛЕ на Европскиот Куп на ЕХФ!

Македонскиот ракометен Куп-освојувач Алкалоид го одигра реваншот со норвешки Рунар Сандефјорд на кој дојде со пет гола позитива, а патникот во финалето го решија пенали. Норвежаните во регуларниот дел победија со 34-29 и ја анулираа негативата од првиот меч, тоа донесе седмерци во кои поуспешен беше Алкалоид кој даде три пенали, наспроти противникот кој промаши три.

Избраниците на Кирил Лазаров имаа лош старт во полната сала во Сандефјорд, затоа што му дозволија на ривалот да се одлепи резултатски и во само седум минути да го стопи минусот со кој се здоби во Скопје. Имаше Рунар предност од 6-1, но потоа Митев и Велковски со два брзи гола го вратија македонскиот тим во мечот (6-3). Потоа беше 9-4, па 12-7, но проблем во овие минути беше што Алкалоид имаше двајца исклучени играчи.

Разликата од четири гола Рунар ја имаше цело време, ја имаше и на полувремето (19-15), но Алкалоид не се даваше во брзата игра. Иако без главниот среден бек Марко Митев и без Игор Ѓорѓиев, тимот на Лазаров не дозволуваше ривалот да избега на повеќе од четири гола во ниеден наврат. Мала поддршка во тоа дадоа и голманите Кизиќ и Галевски, кои поделија по некоја одбрана во воведните петнаесет минути во вториот дел, по кои на семафорот стоеше 28-26.

Во 50. минута Алкалоид имаше напад за минус два, потоа и уште еден, но не го реализира, па пак мечот се врати во драма и плус од четири гола за Рунар (31-27). Потоа разликата стана и шест гола (34-28), но мечот на пенали го однесе Мартин Ивановски со голот за 34-29. Во серијата Рунар промаши три седмерци, а за Алкалоид погодија Серафимов, Митев и Петковски.

Најдобар стрелец кај Алкалоид на мечот беше Дамјан Митев со девет гола, пред Мартин Серафимов со осум реализации, додека Велковски и Ивановски завршија со по четири гола. Кај Рунар, Гурих имаше осум гола, а Вулвик даде седум гола. Противник на Алкалоид во финалето на Европскиот Куп на ЕХФ ќе биде грчкиот тим АЕК од Атина (gol.mk)

Back to top button
Close