ДУИ: Локални заедно со парламентарни избори на есен е решението за стабилност на земјата

На земјата ѝ е потребна долгорочна политичка стабилност што може да се обезбеди само преку одржување на предвремени парламентарни избори заедно со локалните. Тоа ќе овозможи повеќегодишен период без изборни соочувања, давајќи им шанса на политичките елити да започнат длабоки процеси за спас на европската агенда на земјата и искористување на последната можност за враќање на европскиот пат заедно со Албанија и Црна Гора“, соопштија од ДУИ.

Од интегративците велат дека само нов политички мандат може да обезбеди вистинска посветеност кон реформите и враќање на земјата на патот кон ЕУ.

Претходно денес, ВЛЕН тврди дека ДУИ, додека беше на власт, ги партизирала институциите, и најавува победа во сите општини со албанско мнозинство на претстојните локални избори.

„ВЛЕН е во власта за да ја спроведе промената што Албанците гласно ја бараа и нема да застане сè додека секој Албанец не се чувствува слободен, еднаков и достоинствен во својата земја. Во октомври, на локалните избори, ВЛЕН ќе ги освои сите албански општини! Ќе бидеме присутни во секоја општина и институција, со чисти раце и чист образ“, порачаа од партијата.

Во меѓувреме подготвеност за предвремени парламентарни избори веќе изразија и другите партии од Европскиот фронт, како и македонската опозиција. Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ денеска пак оцени дека Владата е стабилна и дека успешно ги исполнува очекувањата на граѓаните.

Back to top button
Close