Ученик во Јужна Кореја нападнал соученици со нож и ранил шест лица, меѓу кои и директорот на училишитето

Средношколец со нож повреди шест лица, меѓу кои и директорот, во институцијата во Чеонџу, Јужна Кореја, соопштија јужнокорејските власти.

Инцидентот се случил утрово околу 8 часот и 40 минути во град оддалечен околу 110 километри од Сеул, кога тој ученик почнал со нож да ги боде присутните во училницата, пренесува Јонхап.

Повредените се пренесени во болниците со полесни и тешки повреди здобиени во градниот кош, стомакот и други делови од телото. По нападот студентот скокнал во блиското вештачко езеро, но бил спасен и пренесен во болница.

Училиштето свика итен состанок за да разговара за инцидентот и можниот мотив за нападот, изјави претставник на провинцискиот образовен претставник. Полицијата во моментов ги испрашува училишните службеници

Back to top button
Close