Затворени патишта кон Халкидики поради поројните дождови
Одредени патишта кои водат до Халкидики, се затворени поради излевање на поток, предизвикано од поројните дождови во неделата, јави грчката национална телевизија ЕРТ.
Сообраќајот е прекинат на патот Неа Каликратија – Неа Ираклија, каде што е излеан потокот Агиос Павлос.
На местото на настанот се испратени екипи кои треба да ја исцрпат водата и да сесанираат штетите.
Пристапот до Неа Ираклија е само преку селото Агиос Павлос